Македонската естрада, од времето кога се сакаа

Песна на Џина Папас Џокси. Сцена: хаос! Петранка Костадинова шизи твист, Вики Среброва во астронаутско, Јонче мафта со 100 грама кафе. Уште не сте убедени? Eднаш кога ќе го пуштите, ќе сакате никогаш да не заврши.

Тино Кајшаров го истерува ѓаволот

Што и да пишеме за ова, колку и да се наругаме на оваа језа (ама стварно језа), знаеме дека откако ќе го изгледаат видеото, некои ќе помислат: "Кој би можел да ми даде контакт од дечково?" Ете, толку сме снеможени. Затоа, ведро да ви кажеме што нам најмногу ни пречи во овој егзорцистички хорор: тоа што видеото прекинува на најинтересното, кога таа легнатата треба да го исплука Лукавиот. Па не дознавме дали е тој повеќе на жолто или повеќе на зелено. Фак! 

Граѓански преписки

Кој го гледал "Балкански шпиун" знае до каде можат да отидат локалните комшиски лудила. Ова е лајт, македонско ама болно урнебесно. За што се работи?