Како Македонецот го надмудри приливот бегалци

Последните извештаи говорат дека во последниов период по речиси 6.000 бегалци од Сирија почнале дневно да влегуваат во Македонија. Но, мудриот Македонец има вроден инстинкт како да се нивелира еден ваков наплив, да не се осети гужва во неговата родна грутка и повторно да се воспостави овдешниот нумерички јин-јанг.

Заврши летнио одмор

Заврши одморот на иселенициве и сеа сите со приколките си одат, пошто ако го вози Ламборџинито до Австрија, многу ќе потроши. Вака и му ја собира цела фамилија и ќе заштеди. Сликава е од Прилеп.

Боб Рок - Немој да крадеш

Немој да крадеш / оти ќотек ќе јадеш / крв ќе ти тече / а и цајкан ќе те гмече. Сакате уште? Нормално.