Цената на национализмот

Македонец ќе најде место храбро да порача "Шиптарите да си одат во Албанија". Храбар Албанец на истото место ќе му врати дека Македонците треба да си одат пошто ова било Албанија. И двајцата слепи за тоа кој "медиум" можат да си го приуштат за "дебата".

Го имаме победникот!

Предизборни претставувања 2016-та година. Сите пробуваат во ограничениот термин да кажат што е можно повеќе. Не и тој. Тој умее да застане, да се сопре себе, да го сопре времето, да направи таква напната драмска пауза што неговите финални зборови ќе одекнат како епифанија! Предизборен настап кој (не) се заборава. Кице Мицко за прецедател!!!

Хаос по гејмерот

Се сеќавате како битолски клинци трчаа како без глава надевајќи се дека ќе ги огрее ведриот лик на Кајмаковски? Одиме скалило подолу.

Стојанче распука ем распали

Има нешто многу симпатично кај тој човек, без разлика што мислеле за неговата хонорарна професија во странство или друштвото кое го одбира овде. Ваљда тоа произлегува од неговата непосредност и поинаквост од другиве.