Влажните соништа на кандидатите

Бели направил спот каков што би направил секој балкански политичар, кога би бил искрен и би смеел да открие како се гледаат себеси луѓето што го гласаат. Значи спотот е сељачки и шабански, во склад со целата предизборна идеја на Прелетачевиќ да ја исмее обесмисленоста на политичката сцена. Само што не смеат политичарите така, тие мора да глумат наштиркани, замислени и сериозни. Вакви сцени си приуштуваат дури откако ќе ги изгласаат.

Кафански предизвик: погоди песна и добиваш 6.000 евра

За кафански пејач свирките се прилично рутина, пијани мажи и жени со идентични нарачки на песни кои веруваат дека се уникатно нивни, па повтори ми ја песнава, па како не ја знаеш оваа, ај уште една и сл. Рутината се разбива и тремата преовладува во моментот кога еден од гостите ќе ти изброи 6.000 евра на маса и ќе ти каже твои се ако ми ја погодиш омилената песна. Без помош, од сите можни песни, треба да ја трефнеш таа една што вреди 6 илјадарки.

ПР, златен тој

Винарија се, не се алхемичари. Ама затоа тука се медиумите, ПР-от и маркетингот за да изгланцаат. Како среброто на Стоби стана злато?