Органска теретана?

Да беше Ѓоковиќ сеирџија што држи до себе, со време ќе се фатеше со копање во нива како негова основна фитнес вежба, само за да гледа како сите се борите со ашов и мотика. А не он се фати за тоа глутенот и нејадење месо. Затоа тука ја имаме Јована.

Букбокс доби награда

Во ера кога национален спорт одамна е станато (демек промуќурно а всушност одвратно параноично) читање меѓу редови, нашата рубрика доби награда за промовирање на онаа навика понекогаш да се читаат и редови. 

Параспур бевме, параспур останавме

За оние кои живеат во песната „Данас отварам очи након свих ових година“. И за оние кои упорно се прават наглуви на некои други „песни“ па им пречи само „Послушајте патриоти“. Не за да ги изедначиме (заради политичка коректност) туку затоа што сите ни одат на курац.  

Лирикс на денот

На Јутјуб песни обично се наведува а) име на изведувачот и б) име на песната. А кај ова стои следново: „Сал јас во ИЛА“ Зета Македонија Северен Цут - Невада Winnemucca USA - Митологија. Па вие видете што е цут, што Невада... А текстот еден певлив, одма под кожа влегува.