Кого подобро ќе разберете, Стојанче или Коѕијас?

Стојанче - како сум ја средил МТВ - Ангелов стратешки процени дека од Грција сме извлекле максимум што можело да се постигне во овој момент (генерално, треба да го гледате на Само вистина да видите колку може да се урниса еден човек). Истото тоа го признава и шефот на грчката дипломатија, само што тоа малку поинаку го формулира.

Што ги тера луѓево вака да си пукаат во нога?

Замислете хирург да ви каже дека Хипократова заклетва која ја положил е нешто што само звучи убаво а медицинските протоколи по кои требало да ви ја изведе операцијата се обично парче хартија?

Отчетно, транспарентно и со плочка

Пред да стане министер задолжен за комуникации, отчетност, транспарентност и менторирање на „корисни“ медиумски смрадови, Роберт Поповски имаше ТВ емисија. Во една прилика гостин му беше Али Ахмети, коалиционен партнер во актуелната влада. И во таа прилика падна муабет за најстрашниот вмровски споменик кој нè скара со Грците и пред цел свет им даде за право да бла, бла.....

Имале тие и химна на Македонија

Откако напрасно ја засакаа по нашето осамостојување, Грците направија сè за да ја опремат нивната идеја за Македонија. Денес разбравме дека имаат и химна. Ц ц ц, нигде не ги доведе тој нивен патриотизам.

Нè оќоре прејака транспарентност

На 13 јуни 2018 година, актуелната постава на Министерството на култура решава на увид на јавноста да го стави буџетот за 2018 година. Ги спрегнува сите свои професионални капацитети и ни го дава она што ќе го видите во продолжеток. Не бе, после ова со Грците, одма поинаку е.

Море сокол пие среде Атина

Македонците од Грција, оние чиј пркос е челичен во екстремни историски и политички услови, се последните Мохиканци кои потсетуваат на пукнатините во монолитниот моно-етнички блок на земјата со многу различни традиции, музики, спомени, јазици и колективни сеќавања.