Кумановски урбани легенди

Од прилику на висину од треќи спрат се пресретнасмо с’с канту. Т’ј сусрет може да гу објасни фрактуру на череп и цвикање на моју кључну коску. Расцепи гу главу исто како поп сарму на задушницу.

Хростијан Стојоски! Командире мили брате! Споделете!

Баш со таков наслов ја начекавме по мрежите (додуша сето тоа во капс лок) и просто не знаеме што би додале, освен, од кај им текнуваат бе вакви работи? Повелете чујте ја оваа песна, вонбрачно дете на Болен ми лежи Миле Поп Јорданов (со родова инверзија, пошто само мажи ли да гинат во јуначки песни?) и онаа „200 дајем спустите је, 300 дајем откријте је“. Спојлер: оваа боље ни да ја спуштале ни да ја гледале.

Друже Заев, љубичице бела

Во време на Груевски и неговата компанија, ова ќе произведеше бар десет колумни, пет твитер хаштази, четири Топ теми и два УСАИД гранта, кои до Сталин и назад ќе се бавеа со опасниот тренд на создавање култ на личноста во Македонија (Заев, од грмушка: Северна Македонија!). Ние не би да дрвиме во таа насока. Само информација дека дечкото е директор на Агенција за спорт и млади, за која деновиве се уверивме дека функционира крајно одговорно и професионално.

Врати ми се Рамо ти, судбине смо исте ми

Муабет со воен ветеран од балкански профил, аџијата Рамо Синановиќ од село Забрќе (близу Зеница), роден 1925 година. Рамо е горд што пушка не испукал на противникот. Само топ. Многу топови. Што во име на партизани, што во име на СС-овската анџар дивизија.