Колозова и Оффнет, непотребна драма во три чина

Дамата седнала и решила да скоцка тужба против нас до Советот за етика во медиумите. По нивно барање, се произнесуваме што мислиме за нејзината поплака. Буричкајќи по меилови, контаме дека Советот веќе ни има пишано дека донеле одлука. Меѓу другото, во одлуката стои дека ние како сајт сме должни да ја објавиме одлуката. Како па да не! Ама, ај да испоштуваме.

Македонче во Валаам

Валаам (Русија) важи за „северна Света гора“ на православието. Таму е оној јеромонах со потекло од Македонија кој пред некоја година проба да му баци рака на Путин па овој го сецна. Но, друго нешто сакаме да ви покажеме. Наши верници биле таму и еве ја сцената. 

Наместо годишен одмор, да се проба ова

Дечкото не оди на годишен одмор бидејќи нашол нешто што многу повеќе му врши работа. „Човек јаде, пие, баш психички одмори,“ вели гуруто за својата оаза. Многу квалитетен и промислен предлог.. Подобро да се проба додека уште е доброволно отколку кога ќе животот ќе те натера на тоа. 

Кој ти е дилерот, човеку?

Една жена не може да се начуди на оние кои (главно со државни пари) се импресионирани од напредокот па сака и она да проба така.