Зока Босанац: Кај си Ружо....

Зока Босанац и Треш рекордс (Nomen est Omen) се класичари во смисла што доследно ги следат канони на жанрот кој го одбрале, во случајов турбо фолкот. Сè е испочитувано, тематски, музички, естетски, вредносно. Чујте и само замислете ја сцената кога во некој задимен кафански Чернобил, Зока ќе го почне рефренот (Кај си Ружо) а ордата ќе грмне и го доврши она што следува во оние три точки. Тандерстрак и AC/DC се елегични емоции во споредба со тоа.

Анти-македонска климатска пропаганда

Двете интелектуални грамади лагано муабетат во „јас тебе војводо, ти мене сердаре“ атмосфера. Сталоне ја фали Бугарија, пред сè нејзините работници, ама едно време му се пожалува на Бојко дека Бугарија зимно време знае да е многу ладна. Бугарскиот бог на хуморот на тоа ќе рече: „А во Северна Македонија да не е поубаво? Таму уште поладно е!“ Бојко бе, да пукнеш, нè пресмеа.

Хераклит лажеше, можеш два пати во иста река

Водостојот на Рашка деновиве бил највисок во последниве 40 години, објави градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац. Имало опасност од излевање на реката особено што поради купишта довлечкано ѓубре, водата не можела да минува под лаковите на мостот. Ама затоа службите имаат багер.