Драматично видео со безбедносен хепиенд

Ете ја акцијата во која учествуваа полициско возило, марица и неколку одважни полицајци на кои личната безбедност им е помалку битна од редот и сигурноста на улиците па голомуцести го приведоа превејаниот кршач на редот. За среќа, операцијата помина без употреба на хермелин и хеликоптер.

Одговоро на прашањето се состое у самото прашање

На момент не сме само обични торби пуни коски и месо, туку победници, шо го победиле исконскио страв од бесмисла.

Отворете си го срцето, ушите сами ќе ви се отворат

Ете ни уште едно парче тв историја. Водителкатата Јулија во живо бива подвргната на мал здравствено-енергетски третман од својата гостинка која се занимава со традиционалното лекување на северно-американските Индијанци. После ова, индијанското име на Јулија е „Газелата која лесно се конектира.“