Документарец на денот: Скро-Мен!

Веројатно не знаејќи дека ќе дојде ден „бардовите“ да му прават пригодни интервјуа во живо, тој самиот има направено документарец за себе, објавен пред три години на јутјуб канал со неговото име. Во описот скромно има пишано „Гласноговорник во борбата за човекови права, голем противник на дискриминацијата во секој поглед, храбар критикувач на политичко-општествените случувања, скромен хуманист, Бојан Јовановски“. Ви извади очи зборот „скромен“?

Билјана на бис

На концертот во Света Софија публиката беше жедна за уште музика, но солистите и оркестарот на МОБ веројатно немаа спремено бис па си шепнаа и отпеаа нешто скроз непланирано и неочекувано. Ја почнаа "Билјана платно белеше" акапела, потоа почна да потпевнува и публика, а се уфрли и оркестарот. Ежење.

Двобој со државната администрација

Многу добро доловена ситуација. Лице в лице со претставникот на државата, спремен да те заебе или барем одложи на секој можен начин. Ама па некогаш и човек е спремен.