Си бил еден косовски татко на две деца....

Наим Мурсели од Косово е 29 годишен татко на две деца кој се претставува како политички советник и претприемач. Горд признава дека ги потрошил своите заштеди за да го откупи најскапиот и наголемиот болборд кај приштинскиот аеродром. За што? За да му посакал на Трамп брзо опоравување. Леле еден ден кога ќе пораснат децата....  

Старо Скопје, град на коноп, хашиш и кокаин

Хеј, скопска глумица уште во 1934 година била обвинета дека земала кокаин! А од репортажата од 1 јуни 1936 година ќе сфатите дека овде ситуацијата не е останата иста само во поглед на корупцијата, сиромаштијата и нефункционалните институции, туку дека ама баш сè е исто. Плус го имаме глупиот мост Влајко.

Уште пред 130 години на некои им беше јасно

Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат врз нејзиниот дух.Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А егзархијата во Македонија ја врши најмизерната задача.

Некој е глуп

Министерот за здравство не знае дека свадби не организираат музичари, не ја викнал својата колешка со италијанско скијачко искуство да ја посети инфективна и во очи да ги погледнат роднините на пациентите, туку нас нè вика?

Ја нисам одавле

Слушнете како овој наш Гручо Маркс (моментално на позиција министер за финансии) суверено, авторитетно и уверливо владеее со материјата која му е дадена на управување. И бидете сигурни дека знаат што прават.

Јована и Горан украдени од државата

Покажавме како изгледа даночното освестување во Америка а еве и нешто многу подиректно. Пар наши дечки направиле поштена вивисекција за тоа како овдешната државна машинерија без усул ни копа по џебовите. Од заработени 100 денари, откако таа ќе се подмири, вам ви остануваат само 57 денари. Како иначе ќе се курчат, вработуваат кого сакаат и делат ваши пари на нивни луѓе?