Филипче и каучот

Посветено на Венко Филипче и останатата весела дружина која се бави со короната, во контекст на предлогот за носење маски на улица, мерка со минимален до никаков ефект, во ситуација кога има масовни проблеми со неносење маски во затворени простории, нешто за што знаеме со сигурност дека има голем ефект.

ДДВ во викенд без ДДВ

Во „викенд без ддв“ човек купил два лаптопа за децата. А данокот уредно му бил наплатен. Зошто? Зашто требало да се македонски производи па да нема данок (македонски лаптопи?!). Ако не бил македонски производ, УЈП немал начин како да знаe дека е ИТ опрема.

Петре Прличко во „Македонскиот дел од пеколот“

„Куршум за мене, куршум за тебе. Братска поделба.“

Галопирање на болеста до кое не смееше да дојде

Повеќе нема сомневање, третиот - есенски пик не е само поголем, туку и пострм од вториот, јунски пик. Првиот пик повеќе не го споменуваме, тој беше само загревање за ова сега. Ако после Рамазан бајрам кумулативната инциденца растеше праволиниски, од 8 септември до денес грасте квадратично. Со ваков експлозивен раст на бројот на нови случаи наскоро веројатно ќе видиме и 4.000, па 5.000 активни случаи...

Ноќно труење на Скопје

Ние сме група планинари и практикуваме барем еднаш неделно да го искачуваме наше Водно ноќе...