Преткафанска обука: Атина Ферари

Некогаш нормален (хмм) човек знае да заврши во прегласна шабанска кафана и таму да се изначуди како тоа сите присутни ги знаат песните кои се вртат а тој првпат слуша за нив. Да го искористиме ова кафанско затишје заради ковидот и да се наполниме со знаење.

Разговор со Мила Демиџиќ и Алмир кој нема историја

Како што Торте фино забележа, Царовска цел живот е во НВО и социјала (нормално, со редовно кмишење во партиски органи), ја префрлуваат во образование и ете ти ја, за нецели 100 дена најавува спектакуларно коренита промена и реформа во образованието! Немаат тие малку резерва заради непознавање на темата, малку потреба да го научат материјалот, да набљудуваат и премеруваат, туку мораат одма со сатар, да сечат и транжираат за да остават свој белег, тоест лузна? Од Стипе Шувар до Царовска Мила, школата само за експерименти им била.  

Вето ни стави држава со нужници

Македонија има 4,4% домаќинства кои немаат регуларно веце (внатре, со казанче, молим лепо) туку за тие намери мора да одат „понадвор“. Такви домаќинства, кои се држат до старото парохиско правило дека не можеш под ист кров и да јадеш и да сереш, Бугарија има дури 15,3%. Погледнете ја Романија па да позборуваме за европскиот квалитет на живот.

Захариева, фаќај белешки

Захариева пробува да го сведе Тито на гол диктатор а она во кое сме живееле на гола диктатура. Слушнете како Бугари се разнежнуваат кога ќе се сетат на партизанските филмови со Бата Живоиновиќ („страхотни!“) на квалитетот на животот кај нас и кај нив („Југославија си беше западна Европа!“), како се сеќаваат дека мечтаеле да дојдат овде за да си купат нешто и како многумина Бугари ги местеле своите часовници еден час поназад, за да не утнат некоја емисија на југословенските програми.

Што има ново со Јаран?

Јаран од „Ноќна мора“ сега има наочари. Тоа е единствената промена. Сè друго во врска со него е како некогаш, од времето со Брацо Циган.