Кајшаров беше Q пред тоа да стане шема

Како вистински пастор, магистер Тино не само што дава прецизна дијагностика на новиот извирусен свет туку нуди и ефикасна профилакса, во неколку куси и јебитачни точки. Од типот „силен образовен систем“. Е, не, ќе крие! Ќе се уверите како само епистемиолог од негов калибар може да донесе синтетизиран заклучок дека новиот светски поредок истовремено предизвикува и агресија и хроничен умор. Но, почекајте, тоа е само дел од апдејтот што го имаме за нашиот епископ, ние К(ајшаров)Анонците.

На внуци ќе им раскажувате за ова

Бесмртни се историските моменти кои биле фатени на телевизија. Америка го има убиството на Кенеди и нападот на кулите близначки, за Романија тоа е падот и егзекуцијата на Чаушеску, за Германија рушењето на берлинскиот ѕид. За да не бидеме ние покусо, се погрижи Македонија пат и нивната пила.

Кога Куманово беше Шензен

1985 година. Блесавото чудо се викаше Пеком 64 и беше домашен компјутер произведуван во ЕИ Ниш. 16 KB RAM, ако некој прашува. Некои од клучните делови се правеа во ООЗТ Светлина, Куманово. 36 години подоцна, во Македонија се произведуваат само партиски ботови со истo толкав RAM.