И Кочани има кружен тек. Ако струмичкиот е уникатен по исчашеноста, кочанскиов е неповторлив по функционалноста, односно минимализмот на обележеноста. Доаѓаш до него и еден единствен знак ти вика да тераш - лево.
Станарите од соседната зграда му викале дека им пукаат ѕидови, дека неговото поткопување нема да заврши на арно. „Ништо нема да биде, ви гарантирам“, проговорил прогресорот преку устата на инвеститорот и продолжил да копа. Општина Врачар, Белград.
Главно чешање јазик деновиве е фасцинантната вест дека македонскиот полициски синдикат „предал на користење„ и „пуштил во употреба“ (за повеќе џандарски изрази види ја статијата „Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер“), настан од кој би можело да се направи нов видео спот за песната „Мој је живот Швицарска“. Но, не е само тоа. А ѓезвињата за единицата за службени кучиња, а микробрановата во Старавина? Ама затоа од протести, полицајќи ќе им се враќаат со дупнати глави.
За оние ДОМ човек ќе чуе нешто само ако треснат некоја зелена (затоа ли се сметаат за зелена партија?). Лидерката им, вика дека струјата треба да биде скапа, за луѓето да не ја трошат многу (Марија Антоанета би рекла: Нека јадат свеќи). Ина Многуфина ja куражи дека па и не мора на тоа да се застане.