Едно видео, две домашни задачи

Читател од Америка ни прати видео од средното школо во кое учи и син му (Дакота Хај-скул, Мичиген) кое таму се завртело по медиуми заради благородноста на соучениците на едно момче со Даунов синдром. Да учат и гостиварци и сите други како се прифаќаат дечиња со аномалии а богами и како се почитува државна химна.

Што појужно, тоа подужно

Гевгеличанец, велат еснаф човек, зел кредит за да отвори ресторан. Вработил луѓе, делел плата. Му се здала финансиска полиција, му маваат 7000 (!) евра казна и забрана за работа. Наводно, поради 4 гости кои покажале лажен ковид сертификат. Нормално, од што инаку ќе гнете бирократијата метастазирана по катаљарда државни институции?

Детско село, не бидете сељачишта

Почитувани, од новогодишните северни честитки би сакал да споделам со вас два примера кои ме изреволтираа многу па ги споделувам кај вас како ретко почитуван портал од моја страна.