Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Слушнете ги Горан и Унко (и други) во 1980 година. Не тоа што го зборуваат туку како тоа звучи и како меко паѓаат тие акценти: попитомо, поблаго и поубаво од денес. Ајде да е дел од некоја тогашна ТВ серија или филм, ќе си речеш, ова е артифициелен изговор, можеби така замислувале дека треба да звучи македонскиот. Не, ова е од нормален разговор. Луѓе, вака сме зборувале! Денес уште малку па ќе лаеме!

Српски С-300 за Стелт Срби

Види ги мајчини што се сетиле. Спакувале ракија од дуња, кајсија и крушка во згодно тровалентно пакување со пропратна приказна која ги скокотка фантазиите. Ако го испиеш сето тоа, стануваш невидлив!