Бугарите си ги најдоа корените и ние им се радуваме за тоа

Да не рече некој дека одиме контра сè што доаѓа од Бугарија, еве да се придружиме со честитки кон овој нивен свечен настан на „откривање на прабугарската јурта“. Што е јурта, ќе праша некој наивен Словен. Зборот доаѓа од туркиските јазици и означува дрвена конструкција обложена со покривки, живеалиште за номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија. Мили наши соседи, ви посакуваме никогаш да не ги заборавите и да не се откажувате од своите корени.

Чичкото кој успеа да нè изненади

После толку време кмишење на интернет, не мислевме дека нешто може да нè изненади, најмалку македонска анкета со македонски граѓани, на едно најмакедонско прашање: „Во која земја би сакале да се родите?“. Мешани чувства имаме. Одговорот е урнебесно бескомпромисен ама и многу хмм. 

България като циганска държава

Сажаљеваме ама така гласи оригиналниот наслов на овој бугарски ТВ прилог за репортажата на монтипајтоновецот Мајкл Палин од Бугарија. Со хроничен проблем околу авто-перцепцијата, нашите соседи се скандализирале што Палин кај нив видел многу Роми. Пошто тие себе се гледаат саде аристократи като Каракачанов и саде префинети като Борисов.