Кило банани версус кило кебапи

Меѓу две Олимпијади, спортскиот дух во легендарното кафе Зале се одржува со глупи натпревари. Еден одбира кило банани, друг кило кебапи, па кој побрзо ќе ги изеде. Дечкото со бананите е како од Алан Форд а тој со кебапите е направен дрво, во дуелот влегува со 12 пива во себе па во финиш му влетува помош од пријател. Џабе. 12 пива се 12 пива.

Обвинителски КП дом

„Да се воздржиш од несоодветни написи на Фејсбук!“, започнува ова превоспитување на еден непослушен македонски обвинител, искажано со глас кој потсетува на гласот на шефицата на битолското вишо обвинителство. Педагошката лекција завршува со поука за предвремено губење на косата. Ќе ги тераат ли и да клечат на кршени ореви?