Пандемијата заврши, криминалот во Еуростандард не се откри

Народната банка молчела кога екс генералниот на Еуростандард, Николче Петкоски, му доделил неповратен милионски кредит на својот вујко. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не успеала да го санкционира ниту директорот на експозитурата во Кавадарци кога тој сам на себе си доделил милионски кредит од нашите депозити.

Девојката со емотивна блокада

Помладата ѝ се доверува на поискусната дека сака да ги среди работите сама со себе и ѝ се пожалува дека притоа наидува на емотивна блокада во себе. За да претпоставите за каква поточно „емотивна блокада“ се работи, треба да знаете дека се работи за учеснички во српското реално шоу „Задруга“.  

Бугарски Трамписти

Васко Жабата да се тргне малку настрана, од Бугарија ни стигнува нов ушобол. И овој е Васко ама не е Жабата туку Далаверата. Со верна дружина Трамписти од европска Бугарија, Васко Далаверата ќе ни изведе нумера, сељачка, да посељачка не може да биде. Па другарот Трамп сам нека суди кои му се стратешки пријатели: досетливите велешани или овие?     

Што ли готви Јосипа Лисац?

Дури и откако лично ќе одговори што дома готви Јосипа Лисац (особено лично), тоа прашање останува мистерија. Знаеме само дека не е сарма, и дека се нешта со многу „ш“. Чујте го вие тоа мјаукање нејзино.

Читање наспроти клипови

Игор Радев е редок и драгоцен минерал во јаловината на македонската интелектуална сцена. Извонредна ерудиција облагородена со отворен ум, здрав разум, педантна мисла и интелектуална храброст. Од негово скорешно ТВ гостување, го одвојуваме делот зошто денешните генерации се најподложни за манипулација. Имаме клип :)