Кај им е сега Брус Вилис?

Едни викаат „Ај аирлија, за многу години нека е” (како да сум ставил терацо за плочките во купатило), други колективно ми ја пеат „падај сило и неправдо”, трети благословуваат „да им се позлати воланот”... Кога ќе прашаш некој од нив од кога тој е на иста страна со терористи, вика: „Абе, знам дека сум говно, ама остај ме да се порадувам”.

Македонија - Италија, со пресврт

Го гледам натпреварот меѓу Македонија и Италија и не можам да верувам. Значи, една земја во која фудбалот е популарен, повторно си дозволува себеси вака да се резили и да расфрла бодови. 

Роко има песна и за машка и за женска популација

„Доктор Роберт Роко Роксан Сошански Казанова“ памти дека го имаме објавено (ние моравме да се потсетиме на тоа, ама ќеиф си направивме) па ни ја понуди неговата нова песна. Зад џониевскиот наслов „Во немир и страст“ Роко тврди дека се крие песна со „ориентален амбиент со примеси на Латино“, песна во која „се поставува фамозното прашање ДА или НЕ.“ 

Не ги преценувајте своите добри намери

Слеп дечко открива занимлива перспектива на која малкумина помислиле кога би дошле или помислиле на ситуација да му помогнат на човек со хендикеп. Него главно го фаќаат под рака за да му помогнат да премине улица или да се снајде во автобус. Притоа не го ни прашуваат дали му треба или дали воопшто сака да му се помогне. А тој нејќе така.