Српска игрица на денот: Паризер

Александар Вучиќ е убедливо најголемиот српски инфлуенсер и истовремено предмет на бескрајни заебанции во врска со неговите медиумски спектакли. Последен пат јадеше четврт леб со паризер и јогурт за да покаже со колку малку пари човек во Србија може поштено да се најаде. 

Вучиќ се ребрендираше

Пошто го шебаа за она кога од корпа вадеше производи кои поевтинуваат, српскиот претседател до критичарите упати јавен укор дека паризерот не е заебанција па најави дека ќе го доручкува со четврт леб и јогурт (добро, и малку мајонез). А Вучиќ не ветува џабе, особено кога има нова шанса да се слика. И ете сега, нема веќе „Вучиќу, педеру“. Сега е нешто друго.