Шта глед’о- чит’о!

Ворнер Брос издава е-книги

Сценаријата за „Бен Хур" и „Казабланка" се дел од серија која ќе почне да ја издава познатата продуцентска куќа.

 

Во истата ќе бидат вклучени и „Американец во Париз" на Винсент Минели и „Север-северозапад" на Хичкок. Е-книгите го вклучуваат не само сценариото, туку и продукциските белешки, сторибордовите, скиците за костими, нотните записи за филмската музика и фотографиите од снимањето.

„Сега на фановите можеме да им дадеме ретко видени детали од тоа како се создавани овие приказни", изјавил Томас Гевеке, шеф на дигиталната дистрибуција во Ворнер Брос.

Сепак, многу поинтересно од тоа да ги читате е да ги гледате сцените во овие книги. Како на пример оваа:

 

1 мај 2012 - 23:26