Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Трето издание на фестивалот „Видик“

23 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик” ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк”. Во книжарницата „Литература.мк”, во „Дајмонд мол”, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 25 март (среда), во 19 часот, со промоцијата на книгата „Филмската пропаганда во дигиталната ера” од Сашо Кокаланов, а промотор на изданието ќе биде Оливера Ќорвезироска. Следниот ден, во 21 часот, во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, ќе се одржи концерт на еден од најактуелните алтернативни бендови кај нас – „Фанк шуи”.
  • Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Така, книгата „Театарски приказни” од Митко Бојаџиски ќе биде проследена со актерска изведба на Светскиот ден на театарот (27 март), по што ќе следува џез-концерт на Night And Day Quartet во состав: Јани Костурски, Оливер Јосифовски, Бојан Петков-Шамба и Павел Ренџов.

Целосната програма и можност за купување билети тука

извор

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

15 август 2026
  • Share
  • Post
  • Џејсон Ардеј (41), поранешен професор на Универзитетот во Кембриџ, кој неодамна се најде среде скандал поради голем број сомнителни моменти кои довеле до негово назначување за професор по социологија на образование во оваа институција, е пронајден мртов во јужен Лондон во петокот (14.08.) навечер. 
  • Неговото семејство изјавило дека „кампањата од дезинформации“, поврзана со обвинувања за плагијат на неговиот докторат и измислување биографски детали, поради кој неодамна поднесе оставка, е виновна за смртта.
  • За Ардеј и целиот случај пишувавме тука. 
извор

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 август 2026
  • Share
  • Post
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Нестварни се Србиве

Балканштина
2

Тендер на „Бардовци“ заврши во фирма на братучедот на директорот

3

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Разно
4

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
5

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
6

Алиби до алиби

Балканштина
7

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
8

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Свет
1

Победил на Олимпијада, ама мртов

Bookbox
2

Букбокс на Македокс: „Руини“ (МК, 2026)

Гледанка
3

Кога биографијата станува фикција: од Мари Софи Хингст до Џејсон Ардеј

Bookbox
4

Везачи, кажете како да се роди...

Bookbox
5

„Бекрумс“ - хоророт што треба да го гледате и ако не гледате хорори

Гледанка
6

„Социјална зараза“: како една мравка може да промени однесување на цел мравјалник

Bookbox
7

Букбокс читанка: „Моби Дик“ или пофалба на еден велји-превод

Читанка
8

Доли Партон и нејзината љубов кон пеперутките

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Рамбо Амадеус: Демократијата кај нас е диктатура на глупаци

Двогласие

На многу мајки сега им е појасно

Чарлс Гарет и пучот во Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy