„Трансформации на нинџите и сликата за нив“ – предавање на проф. Јуџи Јамада
14 јуни 2024
- На 17-ти и 18-ти март во 10 ч., професорот г. Јуџи Јамада, ќе одржи предавање „Трансформации: нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот Мие во Јапонија и во понеделник и вторник ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана.
- Предавањето е во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија при ПМФ, Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија.
* Meстата за 17-ти се пополнети, пријавете се за второто предавање на 18ти, на contact@sk.mofa.go.jp.