Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Сите победници на Кан 2022

29 мај 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Роберт Остлунд ја доби својата втора Златна палма на Кан за „Триаголник на тагата“, сатира на културата на „инфлуенсери“. Претходно тој се закити со истото признание за „Квадратот“.
  • Наградата за најдобар режисер отиде кај Парк Чан-вук за „Одлука да се замине“ кој беше сметан за фаворит и за Златната палма. За најдобар актер беше прогласен Сонг Канг Хо за „Брокер“ на Хироказу Коре-еда, додека Зар Амир Ебрахими ја доби наградата за најдобра актерка за „Светиот пајак“.
  • Беше доделена и специјална награда по повод јубилејот, 75 години постоење на Кан, а добитници се браќата Дарден за „Тори и Локита“. Најдоброто сценарио е за египетскиот „Момчето од рајот“.

Види претходно: Кои се можните победници на овогодинешниот Кан

извор

„Лабораториум“ со ментори, промоција и хонорар за млади уметници

7 април 2026
  • Share
  • Post
  • Културниот центар Лабораториум ги повикува сите млади кои што создаваат и стремат да се развијат и афирмираат, да се приклучат на иницијативата Градски ѕид – за Нови лица на македонската културна сцена, која до крајот на годината ќе поддржи артисти од повеќе сфери. Музичари, сликари, вајари, поети, писатели, аниматори, актери, режисери, филмаџии, танчери, фотографи, дизајнери – графички и модни… сите се добредојдени.
  • Ако имате од 18 до 25 години, пријавете се на конкурсот, а Лабораториум на 8 македонски артисти од целата држава ќе им обезбеди стручен ментор, комплетна поддршка и логистика за реализација на нивните проекти, кои ќе бидат претставени во Лабораториум и на пошироката јавност. Осумте одбрани артисти ќе добијат и авторски хонорар за својот ангажман.

Пријавување до 26.4. тука

извор

Почина Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство

5 април 2026
  • Share
  • Post
  • Еден од најважните автори во современата македонска уметност, Родољуб Анастасов, почина вчера, во Скопје. Фондацијата „Родољуб и Јустина Анастасов“ соопшти дека тој починал во 91. година од својот живот.
  • Анастасов беше професор од првата генерација на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ). Тој бил ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1980 година до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.
  • Во 2011 година, Анастасов му подари на Музејот на Град Скопје збирка од вкупно 389 дела, a Музејот именуваше една од галериите „Јустина и Родољуб Анастасов“, каде што секоја година се отвора поставка со дела од колекцијата и која често и самиот ја посетувал. Последната изложба на Анастасов со нови дела беше во Музејот на Град Скопје, во јули 2023, насловена „Визии – глава полна со луѓе“, со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
2

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

3

Проблемот боли, уште повеќе боли решението

Видео
4

Го докопаа

Балканштина
5

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

6

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Балканштина
7

Израел им се заканува на христијани да не кријат шиити

Свет
8

И сопругата на Стивен Хокинг е доктор на науки, ама никој не зборува за тоа

1

Скорпио Мартијанус или како да станеш инфлуенсер зборувајќи - латински!

Bookbox
2

Запознајте ја Снежана Радојичиќ - велосипедски номад

Bookbox
3

Не си од стакло, па да се скршиш

Bookbox
4

Со Стент во срцето

Bookbox
5

Почина Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство

6

Што значи зборот „дијабетес“?

Bookbox
7

Дечкото со една нога кој освоил шампионска титула во борење

Bookbox
8

Зошто велиме „скрши го мразот“?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А нам Иван ни се падна

Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете

Зошто Заев нема да добие Нобелова награда

Она што останува кога ќе умреш

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy