Повлечени спорни сувенири поврзани со Ван Гог
19 февруари 2022
- Лондонска галерија мораше да отстрани неколку сувенири поврзани со Ван Гог од својата продавница откако се соочи со реакции за наводна несензитивност на дизајнот и релативизација на прашањето на менталните болести.
- Најспорна е голема гума за бришење во облик на уво - очигледна референца на фактот дека холандскиот сликар во момент на растроеност си го исекол левото уво. Подоцна поминал една година во психијатриска болница во Франција.
- Од галеријата Корто (Courtauld) изјавиле дека никогаш немале намера да бидат нечувствителни кон ваква значајна тема, и дека станува збор за мал дел од сувенирите направени по повод изложбата „Ван Гог: автопортрети“, која ќе трае до мај.