Подарок на денот: торбички со цијанотипии направени од наши луѓе
24 март 2022
- Cyanogifts (Цијаногифтс) е колектив од Македонија кој се занимава со алтернативни, аналогни фотографски процеси. Еден од нив е цијанотипијата, кај нас промовирана од професионалниот фотограф Сашо Алушевски. Други членови се Викторија Мачковска и Кети Талевска.
- Цијанотипиите тие ги аплицираат на еколошки торбички, за да испратат порака „дека дури и секојдневните предмети можат да бидат убави или да имаат емотивна вредност за оној којшто ги користи“.
- Главни мотиви на сликите се од природата - билки, пејзажи, небесни тела и генерална синевина, типична за оваа техника.