- Сер Мајкл Гамбон, познат по своите театарски, телевизиски и филмски улоги, почина на 82 годишна возраст. Веста за смртта на актерот, познат по улогата на волшебникот Дамблдор од серијата на филмови „Хари Потер“, била објавена од страна на неговата сопруга и син.
- Пред својот глобален успех поради улогата во филмовите „Хари Потер“, Гамбон бил препознаен драмски актер, глумејќи улоги напишани од Пинтер, Бекет и Окбрн.
- Други значајни филмски улоги му се во „Готвачот, крадецот, неговата сопруга и нејзиниот љубовник“ на Питер Гринавеј од 1989, хоророт „Слипи Холоу“, а неговиот глас е наратор во „Аве Цезар“ на браќата Коен.
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.