- Оваа сабота, 21.5, во организација на Фондацијата „Кантарот“ ќе се одржи конференција „Наука за деца“, во чиј склоп има повеќе настани чија цел е популаризација на науката кај најмладите.
- Конференцијата се состои од два дела. „Пет зошто, пет затоа“ е првиот дел од работилницата од 12 до 13 часот. Подготвени се пет интерактивни активности кои ќе ја поттикнат детската љубопитност и ќе ги запознаат децата со научниот метод. Од 13 до 15 часот ќе се одржат „две во едно“ научни работилници за деца. Во првата децата ќе можат да научат како да направат холограм, а во втората ќе се сретнат со светот на магнетите. Линк за пријавување тука, по принципот „прв пријавен-прв прифатен“.
- Вториот дел од конференцијата (од 15:15 до 17:45) е наменет за родителите, наставниците и широката публика. Преку два научни панели, десетина истакнати македонски научници и професионалци ќе ја презентираат својата визија за иднината на образованието и научното описменување. Овој дел ќе се одвива online и сите заинтересирани ќе можат да го следат на бесплатен web-stream по претходна регистрација.
- Настаните се бесплатни, а се финансирани од С(ц)иеста заедницата, која ја сочинуваат над 300 научници родум од Македонија.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.