Нова црква за металци
10 ноември 2021
- Група пријатели од Британија започнале христијанска црква „Оган и крв“, користејќи „метал“ Библии, кои вклучуваат написи од членови на бендови како Ајрон Мејден, Корн и Мегадет и стихови од метал песни.
- Сè за што се залага метал културата е многу блиска со христијанските вредности, тврдат основачите, кои сакаат да ја разбијат предрасудата за металците како „неверници“.
- Црковните сесии вклучуваат слушање музика, неформален муабет и тематски дискусии.