Нобеловата за хемија доделена за алатка за развивање нови лекови
6 октомври 2021
- Германецот Бенџамин Лист и Шкотланѓанецот Дејвид МакМилан ја добија Нобеловата награда за хемија за 2021 за нивниот развој на асиметрична органокатализа, „нов и револуционерен начин на изградба на молекули“.
- Органските катализатори можат да се користат за изведување бројни хемиски реакции кои резултираат, меѓу другото, со развој на нови лекови или со добивање молекули кои складираат светлина.
- Катализаторите не се штетни по околината, и не се скапи за производство.