- Пјер Агостини, Ференц Краус и Ан Л'Улие се лауреатите на престижната Нобелова награда за физика, за експерименти кои на човештвото му понудија нови алатки за истражување на светот на електроните внатре атомите и молекулите.
- Станува збор за методи кои генерираат тн. атосекундни пулсирања на светлина за прочување на фундаментални динамички процеси во различни видови материи (атосекунда е еден квинтилион од секунда, или 10 на минус 18-та).
- Во преносот во живо членовите на Кралската академија како и секогаш се обидоа нагледно да им објаснат на претставниците на медиумите (и на неупатените гледачи) за што всушност станува збор. Објаснувањето можете да го погледнете тука
- Зрно фестивал годинава ја завршува со впечатлива изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. Таа ќе се одржи во сабота, 6 декември, во 19.30 часот, во салата Империјал 2, во КИЦ-Скопје.
- Во единството на делата на Јелена Ковачевиќ Воргучин и Предраг Узелац се отвора расправа за природата на трагите што ние луѓето ги оставаме. Узелац ги фаќа лицата на секојдневието во сребро, во материја што тврдоглаво памти, како да го штити она што светот лесно би го заборавил без аплауз — лицата на привидно обични луѓе со скриени подвизи, водени од сопствена етика, скромно, претставувајќи контрапункт на јавното мислење и наметнатите, непроверени вредности на современото општество.
- Јелена, напротив, ги прилепува сликите за тревата, во ткиво што ја прима светлината како космичка храна, каде хлорофилот го чува споменот на мајката онолку долго колку што природата му дозволува да ја предизвикува судбината на сеќавањето. Во нивниот диптих се среќаваат две вистини: потребата и немоќта животите да се сочуваат од заборав…Среброто и тревата, постојаноста и исчезнувањето, човекот и сеќавањето — сè се среќава во вечното прашање: што од светлината останува, а што се враќа во нејзината тишина.
- Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје.
- Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата — иако фиксирана — упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.
- Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.