Нетфликс ги купи сите права за делата на Роалд Дал
24 септември 2021
- Од „Матилда“ до „Чарли и фабриката за чоколади“ книгите за деца на Дал до сега се адаптирани во филмови, ТВ серии и театарски претстави.
- Оваа недела Нетфликс соопшти дека ја купил фирмата Роал Дал Стори Ко., која ги менаџира сите нешта кои се поврзани со каталогот на британскиот писател.
- Целта на проектот, според Нетфликс, е „создавање на уникатен универзум на анимирани и играни филмови, компјутерски игри и други производи“.