- Во четврток на 9 јули 2026 година, во Лабораториум, со почеток во 20 часот, ќе се промовира нов фанзин - авторско визуелно истражување на независната македонска музичка сцена, спојувајќи графички дизајн, фотографија, интервјуа и визуелно раскажување во публикација што ја слави DIY културата и локалното независно творештво.
- Кеј Зеќировиќ е дел од новата генерација автори кои својот креативен израз го развиваат низ повеќе визуелни медиуми. Покрај графичкиот дизајн, работи со фотографија, колаж, илустрација, дигитален и традиционален цртеж, а својата практика во сито печатењето ја развива преку работата во Партизанска Штампа. Во последните години гради препознатлив визуелен јазик, обележан со експресивна, алтернативна и намерно „хаотична“ естетика, инспирирана пред сè од музиката и независната културна сцена.
- По претставувањето на фанзинот, бендот „Малард“ ќе предводи импровизирана џем-сесија, на која и публиката ќе може активно да се вклучи и да стане дел од автентично музичко искуство што ги отсликува вредностите на независната сцена: заедништво, спонтаност и колективно творештво. Фанзинот „НАШИ“ е дел од проектот „НОВИ ЛИЦА“ на Лабораториум.
- Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка.
- Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
- Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
- Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни.
- ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
- Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
- Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.
Програма по денови тука