Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Наша Јана има нов, готски роман

5 ноември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, како и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, популарната македонска авторка Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана на 1.11.
  • „Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како овој. Тој вкус и естетика го имам изградено уште од многу мала, така што може да се каже дека конечно си дојдов на свое, си 'влегов' во жанрот“, вели авторката.
  • Инспирација бил филмот „Што се случи со Бејби Џејн?“, од кадешто е и асоцијацијата во насловот. Романот почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот....

За да дознаете што се случува понатаму ќе мора да ја прочитате:)

извор

Почина Џејн Гудал, чии истражувања на шимпанзата редефинираа што значи да се биде човек

2 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Џејн Гудал, чија доживотна работа како приматолог помогна во проширувањето на разбирањето на светот за однесувањето и емоциите на животните, почина на 91 година, соопшти нејзиниот институт. 
  • Нејзините теренски студии со шимпанза не само што ги срушија бариерите за жените и го променија начинот на кој научниците ги проучуваат животните, туку ги документираа емоциите и особините на личноста кај овие примати што ја замаглија линијата помеѓу луѓето и животинското царство.
  • „Откритијата на д-р Гудал како етолог ја револуционизираа науката, а таа беше неуморен застапник за заштита и реставрација на нашиот природен свет“, се вели во соопштението. Гудал беше назначена за Дама на Британската Империја во 2004 година, а во 2025 година беше наградена со Претседателскиот медал за слобода на САД. Таа беше именувана и за Гласник на мирот од страна на Обединетите нации во 2002 година.
извор

Венко Андоновски: Археологија на книгата

30 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Оние книги што јас и мојата генерација ги нарачувавме од Лондон, сега ги има на секој книжевен сајт. Веќе нема потреба да плаќате царини за книги од странство – сето она што лично сум го купувал како студент – сега го има бесплатно во ПДФ. И тоа е одлично: книгата е достапна. Друго прашање е што достапноста сама по себе – не мора да биде добра. Затоа што достапно е сè: од порнографија до дрога.
  • Еве како доаѓавме до книги за испит во вчерашниот изумрен свет. Прво, си определувавме – колку денови ќе го подготвуваме испитот. Потоа, во група (сите што полагавме ист испит) одевме во НУБ (Народната и универзитетска библиотека). Тоа подразбираше да си планираш цело претпладне, некогаш и попладне – престој во библиотеката. Излегувањето од дома подразбираше и да си понесеш сендвич или пари за ручек. Подразбираше и да се качиш во градски автобус, па да патуваш најмалку половина час до библиотеката. Таму ја имаше сета литература за нашите испити, но книгите не ги даваа дома: мораше да се чита во заедничката читалница. 
  • Тоа ми е главната поента: можеш да учиш сам, дома, на компјутер. Но можеш да учиш и во друштво, во библиотека. Што е поубаво? За мене поубаво е второво, за моите деца – првото. Разликата е огромна: кога си во друштво, се смееш, кажуваш вицови, си помагате околу нејасните книжевни термини, а ако некој заборавил да понесе сендвич, делите. Во читалницата се запозна и еден пар (таа идна медицинарка, тој иден математичар), и набргу направија свадба. Кога си сам во соба не е така. И да склучиш брак виртуелно со некого, не знаеш како мириса кога седи до тебе во читалница.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Дете со потекло од Македонија стана најмлад стрелец на Ѕвезда во Европа

Фудбал
2

Пловење по македонскиот Ганг

Разно
3

Го пофали, го утепа

Балканштина
4

Ќе нè биде ли дигитални конечно?

5

Бељата само што не станала поголема

Македонштина
6

Злосторство и казна

Балканштина
7

50 месеци затвор и екстра 70 тужби за Диди

Шоу биз
8

Статива

Балканштина
1

„Кинеската соба“ на вештачката интелигенција

Bookbox
2

„Стивнина“ е првиот победник на Зборотворба на годината

Bookbox
3

Време е за нов културен снобизам

Bookbox
4

Кој би победил помеѓу витез и самурај?

Bookbox
5

Ќе се преиспитуваат околностите за смртта на Хантер С. Томпсон

Bookbox
6

11-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ

Bookbox
7

Најспомнуваната актерка во Холивуд се вика Тили Норвуд. Како која Тили Норвуд?

Bookbox
8

Џармуш неочекувано со Златен лав во Венеција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Го пофали, го утепа

Балканштина

Злосторство и казна

Балканштина

Статива

Македонштина

Богати и славни

Македонштина

Таква е и државата

Македонштина

Бељата само што не станала поголема

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

CV на македонски генерален менаџер

Вака ли бе МТВ?

Куме бре?!

Оганот во кој изгоре една „хуманитарна“ лага

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy