Најдобри книги за 2022
2 декември 2022
- Од сите списоци кои се прават при крајот на годината, го одбравме оној на NPR, прво поради неговиот обем, а второ поради интерактивноста на платформата која овозможува увид во најразлични жанрови.
- Меѓу нив ги има вообичаените категории, како „Мистерии и трилери“ или „Книги за деца“, но и такви чии наслови се „Книги што ти ги отвораат очите“ или „Дамите имаат предност“. Ја препорачуваме и „Сериозно добро пишување“, каде спаѓаат новите книги на нобеловката Олга Токарчук и Иан Мекјуан, историското истражување за „Клотилда“ - последниот брод со робови, како и биографијата на Бастер Китон.
- Кој ќе чита сè ова?