Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

На 90 почина Моника Вити

2 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ја нарекуваа „кралица на италијанската кинематографија“. Се стекна со меѓународна слава во филмот на Микеланџело Антоњони, „Авантура“ од 1960.
  • Вистинското име ѝ било Марија Луиза Чечиарели, а страста за театарот ја открила уште како дете во текот на Втората светска војна, кога ги забавувала домашните со кукли додека наоколу паѓале бомби.
  • По дипломирањето на Националната академија за глума во Рим во 1953, почнала кариера најпрвин со комични улоги во театар. Набргу била забележана од Антоњони, со кого развиле долготрајна уметничка соработка.  
извор

Да му помогнеме на „Антолог“!

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • „Антолог каков што го познавате и го сакавте - повеќе не постои“ - вака почнува објава на Книжевниот центар Антолог по големото невреме што го зафати Скопје неодамна, а кое заедно со несоодветната изведена канализација во регионот на Кисела Вода предизвика голема материјална но и емотивна загуба не само за оваа издавачка куќа, туку и воопшто, за македонската јавност.  
  • За да се ублажат последиците од штетата која уништи магацин, целосниот инвентар (дури и книги што уште не се влезени во продажба), техника и возило, започна солидарна акција за помош. 

Еве како може да се помогне:

– Со купување на моменталните резерви на изданијата на „Антолог“ достапни во книжарниците на линкот (со тоа што книгите нема да можат да бидат доставени веднаш).

– Помош со механизација за расчистување на просторот.

– Привремено бесплатно отстапување на магацински простор. Контакт телефони на „Антолог“: (+389) 75 228 984, (+389) 2 6169 150

– Со директна финансиска помош на нивната денарска и девизна сметка.

АНТОЛОГ – БООКС ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 29-лок.1
Единствен даночен број 4080014541495
Жиро сметка 300000003674784
Депонент на Комерцијална банка а.д.

извор

На 88-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

24 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Денеска (24.06.) во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист. Во три мандата беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. 
  • Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. 
  • Автор е на педесетина книги проза и поезија, меѓу кои култниот роман „Сок од простата“, која веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Како публицист, потпишува редица книги главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава. Како енциклопедист е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски) и други.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Наполи има нов тренер

6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Музеј на современи вазали

Македонштина
8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
1

Македонскиот патафизичар од Вражји Вир

Bookbox
2

Врската помеѓу бакшишот и експлоатацијата

Bookbox
3

Нова Шведска: заборавената колонија во САД која никогаш не војувала со домородните народи

Bookbox
4

Да му помогнеме на „Антолог“!

5

Розовите гаќички што го шокирале Вимблдон

Bookbox
6

Како Чесите станаа најпознатите ловци на кактуси во светот

Bookbox
7

„Синтопикон“ - необичен индекс на цела западна интелектуална традиција

Bookbox
8

На 90 почина Моника Вити

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Знаете ли што е Данинг - Кругеров ефект?

Во чест на зрелите жени

Зошто во град се оди брзо?

Кога Дејвид Линч прави реклама

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy