Микрофестивал „Бостание“ - градинарство, уметност, дружење
18 септември 2026
- Во општествената градина „Бостание“ во Скопје на 19 септември, од 14 до 23 часот, ќе се одржи годинашното издание на микрофестивалот „Бостание“, посветено на темата „Вкоренување“. Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.
- Преку темата „Вкоренување“, фестивалот ќе ги истражува поврзаноста на луѓето со почвата, местото во кое живеат, заедницата, споделеното знаење и меѓусебните односи. Градината ќе биде претставена како простор во кој се преплетуваат здруженото градинарство, културата, уметноста, храната и музиката.
- Во музичкиот дел ќе настапат дуото „Луна и Петар“, Мартин Џорлев, Елена Баклава и џез-квинтетот „Next to Silence“. Во изложбената и останатата фестивалска програма ќе учествуваат Иван Ивановски, Ивана Мирчевска, Ана Ивановска, Максим Наумовски, Зорица Зафировска, Владимир Лукаш и Јасмина Главинче. Нивните дела ќе бидат поставени во непосреден однос со просторот на градината, отворајќи прашања за поврзаноста на уметноста со природата, местото и заедничкото живеење.
Целата програма тука