Локација за нова статуа на Вирџинија Вулф оценета како знак на „лош вкус“
22 ноември 2021
- Споменикот на славната писателка, дизајниран од Лори Дизенгремел, треба да биде лоциран на клупа во парк кој гледа на Темза во Ричмонд, југо-западен Лондон, кадешто таа живеела една деценија од 1914.
- Ваквата поставеност е оценета како „нечувствителна“ поради фактот што Вулф се убила со давење во реката Уз во источен Сасекс во март 1941 на возраст од 59 години.
- Советот за кулутра на Ричмонд ги одобрил плановите за статуата, но по притисоците на локална група која инсистира дека ваквата поставеност е знак на „лош вкус“ нуди три алтернативни локации во истата област.