Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Кои дела влегоа во јавен домен на 1 јануари (во САД)?

2 јануари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Според американските закони, во 2023 во јавен домен влегуваат дела стари 95 години, односно кои биле создадени во 1927. Тие од вчера можат да бидат слободно умножувани, споделувани или користени како основа на нови дела.
  • Тие ги вклучуваат „Кон светилникот“ на Вирџинија Вулф, германскиот научно-фантастичен класик „Метрополис“, првиот трилер на Хичкок, композиции на Луј Армстронг, како и последните приказни за Шерлок Холмс на Артур Конан Дојл.
  • Целосниот список кој секоја година го објавува правниот факултет при Универзитетот Дјук на линкот. 
извор

Трето издание на фестивалот „Видик“

23 март 2026
  • Share
  • Post
  • Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик” ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк”. Во книжарницата „Литература.мк”, во „Дајмонд мол”, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 25 март (среда), во 19 часот, со промоцијата на книгата „Филмската пропаганда во дигиталната ера” од Сашо Кокаланов, а промотор на изданието ќе биде Оливера Ќорвезироска. Следниот ден, во 21 часот, во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, ќе се одржи концерт на еден од најактуелните алтернативни бендови кај нас – „Фанк шуи”.
  • Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Така, книгата „Театарски приказни” од Митко Бојаџиски ќе биде проследена со актерска изведба на Светскиот ден на театарот (27 март), по што ќе следува џез-концерт на Night And Day Quartet во состав: Јани Костурски, Оливер Јосифовски, Бојан Петков-Шамба и Павел Ренџов.

Целосната програма и можност за купување билети тука

извор

Почина големиот сликар Илија Пенушлиски

21 март 2026
  • Share
  • Post
  • На 79 годишна возраст почина Илија Пенушлиски, еден од најреномираните македонски сликари. 
  • Во објавата на социјалните мрежи неговиот син, Илија Митрев-Пенушлиски, напиша: „Беше исклучителен уметник, познат на многумина, но рамнодушен кон тоа да биде познат. Неговите идоли беа уметници, каубои, пијаници и Хозе Мухика“ (уругвајскиот претседател кого го нарекуваа „најскромниот на светот“).
  • Роден е во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на Прат институтот во Њујорк како Фулбрајтов стипендист, и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство.
  • Неговиот сликарски израз е препознатлив по урбаните мотиви, често инспирирани од Скопје и неговата архитектура. Во неговите платна може да се забележи динамика на градот, преплет на форми и линии, како и богата и експресивна колористика. Пенушлиски не се ограничувал на класични претстави, туку често експериментирал со апстракција, создавајќи дела што оставаат силен визуелен впечаток и поттикнуваат размислување. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Деца под пет години да зјапаат во екран најмногу еден саат дневно

2

Трамп не го освои Хормускиот тееснец, го преименува. По себе.

3

Колку фрижидери растури Русија до сега?

Разно
4

Пит Хегсет: Ние преговараме со бомби

Разно
5

Ете, во Сирија ги ослободија жените

Онака
6

На Клинтон му беа дадени опции

Балканштина
7

Некогашниот шампион со Вардар Милосављев одбрани пет пенали на ракометно дерби во Германија

Ракомет
8

Кими Антонели победи на Ф1 трка во Јапонија и стана најмлад лидер во историјата

1

Да им помогнеме да снимат краток филм во Македонија

Bookbox
2

„Бикини мун“ (2017)

Гледанка
3

„Аномалија“ од Ерве Ле Телие

Читанка
4

Трагичното пријателство на еден француски и еден југословенски поет

Bookbox
5

Слатко-горчлива изложба во рафинерија за шеќер

Bookbox
6

Една од најзначајните мислителки на 20 век била бугарски шпион?

Bookbox
7

Дали влегуваме во период на пост-теориска наука?

Bookbox
8

Букбокс читанка: „Аларм“ од White Beliot (а.k.a. отец Пимен)

Читанка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

На Клинтон му беа дадени опции

Балканштина

Не знаете вие што се маки

Балканштина

Јаки бизнис совети, јаки наравоученија

Македонштина

Колегијален совет

Македонштина

Присебниот Тале и долгата змија

Македонштина

Земја на одговорност со прегорени осигурачи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Рубин Камен

Трујачот од Ѓорче Петров

Роден град

Битка за името

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy