Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Јубилејно 10-то издание на фестивалот АртАреа

17 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Десетто издание на книжевниот фестивал „ArtArea“ и четвртото издание на фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“ ќе се одржат од 18 до 20 септември во културниот центар Лабораториум. Под мотото „Следна станица – мир“, издавачките куќи Бегемот и Сказнувалка подготвија тридневна програма со десет промоции на книги, изложба на фотографии, креативни детски работилници, дебата за издаваштвото и џез-концерт. Влезот за сите настани е слободен.
  • Официјалната програма започнува во петок, на 18 септември, во 19:00 часот на Главната сцена. Првиот настан е промоцијата на романот „Ќерките на генералот“ од албанската авторка Мимоза Хиса, објавен од издавачката куќа Чудна шума. Во разговорот учествуваат Билјана Црвенковска и Јордана Шемко-Георгиевска. Вечерта продолжува во 20:00 часот со претставување на новиот роман на Пајо Авировиќ насловен „Пат за Бутан“, во издание на Бегемот, за кој авторот ќе разговара со Ѕвездан Георгиевски. Во 21:00 часот на истата сцена следува промоција на македонскиот превод на романот „Теренски истражувања на украинскиот секс“ од украинската писателка Оксана Забужко. На промоцијата за книгата ќе говорат Катерина Шекутковска, самата авторка и Ивана Јовановска.

Целосната програма и за 19-ти и 20-ти септември на линкот

извор

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

12 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
  • Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
  • „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
  • За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
извор

11-то издание на Киненова од 14-18 октомври

11 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Оваа година фестивалот е под мотото НА ПРВО СВЕТЛО, ја осветлува „новата траса од патот кој го гради КИНЕНОВА“, како што изјави на прес конференцијата посветен на годинешното издание директорот Небојша Јовановиќ.
  • Оваа година Киненова носи 6 исклучителни, врвни по многу нешта, дела на светската кинематографија, кои долго ќе предизвикуваат дискусии и прашања за особено актуелните приказни и теми кои ги обработуваат.  На програмата се: THREE WEEKS LATER на Мирослав Терзиќ, IN THE SHADOW на Салем Салавати, YESTERDAY THE EYE DIDN’T SLEEP на Ракан Мајаси, FANTASY на Кукла Кешеровиќ, KURAK на Ерке Џумакматова и THE SHOES OF MY FATHER на Христо Симеонов. 
  • Фестивалот свечено ќе биде отворен на 14-ти октомври, во киното Фросина во МКЦ со најновиот филм на Мирослав Терзиќ, познат на публиката на КИНЕНОВА по претходниот филм ШАВОВИ. Сите филмови потоа се селат во киното во Кисела вода. 

Целосната програма со округли маси и работнилници тука 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
2

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

3

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина
4

Во јазичниот свет на сикс-севен

Забава
5

Златен медал за македонска ракија во Лондон

6

Хиерархија на грозјето

Мешано
7

Родовата неправда последна ќе потоне

Онака
8

Милошоски: Евтините потписи на Заев и Димитров скапо ќе ја чинат Македонија

1

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Bookbox
2

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

Bookbox
3

Ника Ротшилд: баронесата-заштитничка на џезерите

Bookbox
4

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Bookbox
5

Букбокс интервју со Нина Николиќ: „Сите сме виновни и никој не е амнестиран“

Bookbox
6

Ајс Кјуб доби Нобел за физика

7

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

8

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 2: 11 Октомври во Варшава, два филма, три ракии и едно деколте

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Александар Вучиќ: Мали, не сери!

Тетовска школска журка

Кај преведувачите на ОН

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy