Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Голема победа на „Адолесценција“: сите добитници на наградите „Еми“

15 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Драмата на Нетфликс, „Адолесценција“, освои шест награди за телевизиска продукција, а 15-годишниот британски актер Овен Купер стана најмладиот машки добитник на наградата на доделувањето на наградите „Еми“, кое се случи рано утрово (15.09.) по македонско време. 
  • Драмата во четири дела ја освои и наградата за најдобра мини-серија, како и награди за режија и сценарио, при што Ерин Доерти ја освои наградата за најдобра споредна женска улога, додека Стивен Греам освои две награди за сценарио и глума во мини-серија.
  • Драмата „Питс“ освои три награди, вклучувајќи најдобра драмска серија и две награди за глума, а Ноа Вајл беше прогласен за најдобар главен глумец во драма, негова прва победа на Еми по повеќекратните номинации за серијата „Итна помош“.
  • Комедијата „Студио“ беше прогласена за најдобра хумористична серија, додека Сет Роген освои награди за најдобар актер, сценарист и режисер на хумористична серија.
  • За најдобра актерка во комедија беше прогласена Џин Смарт за „Хекс“, Педро Паскал доби награда за главна машка улога во „Ласт оф ас“, а Хана Ајнбандер за споредна женска улога во комедија за „Хекс“. Целосна листа тука.

Букбокс осврт за „Адолесценција“ тука.  

извор

Мушички ќе летаат со дијаманти во МКЦ

12 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Изложбата „Мушичката лета со дијамантот“ на Марија Милошевска, со која таа одбележува 20 години креативна работа, ќе биде отворена на 12 мај (вторник) во 20 часот во МКЦ. Таа е замислена не само како естетски чин туку и како длабоко метафизичко истражување на човечката состојба.
  • Овој концепт се заснова на тензијата помеѓу привременото (мушичката) и бесконечното (дијамантот). Тоа е метафора за човечката природа – нашата постојана борба меѓу потребата да оставиме траен белег и свесноста за сопствената минливост.  
  • Изложбата е збогатена со музички перформанс на Јордан Костов и неговиот бенд.
извор

Енди Кенеди, дизајнерот на звук на „Гејм оф тронс“ и „Хари Потер“ во Скопје на 7 мај

6 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето, Агенцијата за филм на Македонија започнува серија ексклузивни мастеркласови со врвни светски професионалци од филмската индустрија. Првиот настан ќе се одржи на 7 мај (среда) со почеток во 11:00 часот во Cineplexx.
  • Гостин-предавач ќе биде Енди Кенеди, еден од водечките светски експерти за дизајн и монтажа на звук, добитник на престижните Еми и Бафта, со повеќе од три децении искуство во индустријата. Неговото богато портфолио вклучува работа на Game of Thrones, Bohemian Rhapsody, The Crown, Batman Begins, Harry Potter, The Imitation Game и Fantastic Mr. Fox.
  • Мастеркласот ќе понуди уникатен увид во процесот на создавање на звучен идентитет, како и во клучната улога што звукот ја има во филмското раскажување. Настанот е наменет за филмски професионалци, студенти, но и за сите љубители на седмата уметност.
  • Предавањето ќе се одвива на англиски јазик, а влезот е бесплатен со задолжителна претходна регистрација. Бројот на места е ограничен.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Три минути

Мешано
2

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
3

Од втора лига, скопскиот гигант се издигна и стана шампион на Македонија

Фудбал
4

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

5

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
6

Македонија до Колумбија

Разно
7

Нов подвиг на големиот Унаи Емери - со скромен буџет пак ја однесе Астон Вила во Лига на шампиони

Фудбал
8

Тендери: Кога ќе се навежбаш со едните, ќе бидеш навежбан и за другите

1

Имаме ли ваков поп?

Bookbox
2

„Аматерски и професорски сувопарно“: кога Нобеловиот комитет ја отфрлил „Господарот на прстените“

Bookbox
3

Морско оревче: сутлијаш, греано вино и колонијализам

Bookbox
4

Богородица од Фатима или пророштвата што го предвиделе падот на СССР

Bookbox
5

Мушички ќе летаат со дијаманти во МКЦ

6

Зошто Ти-рекс имал толку мали рачиња?

Bookbox
7

Грчкиот остров кадешто никој не смеел да се роди и да умре

Bookbox
8

Ласло Краснахоркаи: „Бев ноќен чувар за 300 крави“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ороспија, колку тоа гордо звучи!

Не, нема да ја биде

Сепак Балканот е жив

Дали косовски лидери се виновни за воени злосторства?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy