- “Филмај 2023“, фестивалот на краток филм – Куманово, ќе се одржи на 30 и 31 мај (вторник и среда), во Занаетчиски дом – Куманово. Двете вечери на петтото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот, а влезот ќе е бесплатен за сите посетители.
- Наградени филмови се новозеландскиот „Дацун“ режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“, и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм .
- Повеќе детали на ФБ профилот на Фестивалот
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.