Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Доделени наградите БАФТА за 2025

17 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ватиканскиот трилер „Конклава“ на германскиот режисер Едвард Бергер со Ралф Фајнс во главната улога ја освои наградата за најдобар филм на 78-то доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) вчера вечер (16.02) во Лондон.
  • Американецот Брејди Корбет вечерва ја освои наградата за најдобар режисер за филмот „Бруталист“, тричасовна приказна за архитект кој го преживеал холокаустот, кој го игра Адриен Броди.
  • Броди ја освои наградата за најдобар актер, а наградата БАФТА за најдобра актерка и припадна на актерката Мики Медисон (на фотографијата, EPA Images) за нејзината улога во филмот „Анора“.
  • Мјузиклот „Емилија Перез“, кој беше еден од фаворитите, освои две награди – за најдобар странски филм и за најдобра споредна женска улога, која  припадна на актерката Зои Салдана.
извор

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

27 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. 
  • Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
  • Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
извор

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
2

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
3

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

4

Барате графички дизајнер?

Балканштина
5

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

6

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
7

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

8

Ова го носевте на маици

Македонски рулет
1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

20-годишниот проект на еден фотограф да го регистрира секое животно на планетава

Bookbox
3

Се сеќавате на изразот „тандара броќ“?

Bookbox
4

Од богот Пан до паника

Bookbox
5

Како е да си краставица?

Bookbox
6

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Bookbox
7

„Народна табла“ - како Француската револуција го измислила првиот билборд

Bookbox
8

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Имала мајка до девет сина

Дали диригентот е потребен?

Вонредни вести од македонската НАСА

Шанкерска економија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy