„Лудиот Шкарпо“ е наслов на нова сликовница на хрватскиот музичар Дамир Урбан, кој ја направил по идеја на својот седумгодишен син Исток Зола. Тоа е инаку песна од неговиот најнов албум „Липањ, српањ, коловоз“ на кој неговото пеење го следат детски гласови, прашувајќи се „а кој е тој, лудиот Шкарпо?“.
Главен лик во книгата е рибата Фране која сакајќи да се избори за подобар статус во светот на морето лажно се претставува како мистичен лик кој никој не го видел, а околу кого кружат разни приказни. Изданието е на 34 страници и е богато илустрирано.
Илустратор е Томислав Торјанац, кој е ко-автор и на уште една нова сликовница, исто така на познатиот музичар Миле Кекин од „Хладно пиво“. Нејзиниот наслов е „Мала“ и повикува на размислување во врска со стереотипите поврзани со изгледот и прифатливото однесување, особено кога се во прашање девојчињата.
Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.