Бесплатна архива на над 250.000 концертни снимки
3 август 2023
- LMA (Live Music Archive) има дваесетгодишна историја и голем број аудио снимки во живо, собирани од фанови кои не ги мрзело да снимаат цели изведби со она што им се нашло при рака (и во времето пред мобилните). Архивата нуди платформа за оние кои сакаат да ги споделат материјалите, кои претходно се обработуваат за да се добие оптималниот квалитет.
- Во минатите 21 година повеќе од 8000 уметници имаат дадено дозвола за нивните живи настапи да бидат архивирани на ЛМА, а корисници од целиот свет ги слушале фајловите повеќе од 600 милиони пати.
- Проверете ги 250-те терабајти снимки направени на различни локации - од стадиони до маалски кафани. И да ги нема помеѓу нив вашите омилени изведувачи, самиот потфат на вакво архивирање е за почит (можеби можат да се додадат македонски?).