Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

78-мото издание на наградите Еми со историски моменти

15 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Медицинската драма „Д Пит“ ја освои наградата за најдобра драмска серија на 78. доделување на „Еми“, кое се одржа во раните утрински часови на 15.09. по македонско време во Лос Анџелес. Серијата, која минатата година исто така беше прогласена за најдобра во драмската категорија, го повтори успехот и во 2026 година. Нејзиниот главен актер, Ноа Вајл, освои награда за најдобар актер во драмска серија.
  • Меѓу останатите добитници во драмските категории се најдоа Риа Сихорн, која го освои својот прв „Еми“ за главна женска улога за „Плурибус“ (уште ѝ должат за „Бетер кол Сол“), и Том Пелфри, награден за споредна машка улога во серијата „Таск“. Алисoн Џени, пак, ја освои наградата за споредна женска улога за „Дипломатот“.
  • Најголемото изненадување на вечерта беше серијата „Видоус беј“, која ја освои наградата за најдобра комедиска серија. Таа освои шест награди во главната церемонија, со што се издвои како еден од најголемите победници на годинешните „Еми“. Метју Рис ја освои наградата за најдобар актер во истата, додека Кејт О’Флин и Стивен Рут беа наградени за споредни улоги. Серијата освои и признанија за сценарио и режија.
  • Џин Смарт освои „Еми“ за најдобра актерка во серија од жанрот комедии за улогата на Дебора Венс во „Хекс“. Ова е нејзина петта последователна победа во истата категорија за оваа улога, што претставува историски успех. Метју Рис оствари исклучително достигнување, освојувајќи награди во две главни актерски категории во текот на истата вечер. Покрај наградата за комедијата „Видоус беј“, тој беше награден и за главна машка улога во ограничената серија „Ѕверот во мене“. Со тоа стана првиот кој во една иста година освоил „Еми“ за главна актерска улога и во комедија и во мини серија. 
извор

Играјте „Шестерка“

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни. 
  • ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
  • Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
  • Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.

Програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
2

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
3

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
4

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
5

Така испаѓа

Балканштина
6

Кога си гладен не си свој

Балканштина
7

Волкановски ја одбрани светската титула па во рингот се завеаа австралиско и македонско знаме

Разно
8

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
1

Дали познавате ваков историчар?

Bookbox
2

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Гледанка
3

Играјте „Шестерка“

4

Oд каде името „макадам“?

Bookbox
5

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Bookbox
6

Хризантема: цветот што ја победува есента

Bookbox
7

Арно: Книжарска мапа на Скопје

8

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Балканштина

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина

Кога си гладен не си свој

Балканштина

Додека ловот не нè раздели

Балканштина

Јако мување

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оливер Це Тунг

Гркот Зорба и пеколот наречен Егејска Македонија

Кој ги дупи, шо му праи, тоа нешо се праи

Алтернативна математика

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy