40 години од смртта на Ацо Шопов
21 април 2022
- „Хуманистичките валери и космополитскиот дух на Шопов не познаваат граници“, пишува Тони Димков во одличниот текст по повод годишнината на смртта на македонскиот поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.
- Ацо Шопов е автор на првата збирка „Песни“ (1944) на македонски јазик објавена во слободна Македонија.
- За творештвото на Шопов говорат Влада Урошевиќ, Александар Прокопиев, ќерката Јасмина Шопова, Лидија Капушевска-Дракулевска, Владимир Мартиновски...